Во Europe House Струмица се отвори меѓународна изложба на цртежи и слики

На 1-ви јуни младите од Струмица и Грујец – Полска преку ликовната уметност се поврзаа и покрај оддалеченоста, јазичните, културните и општествените разлики.

Во просториите на Europe House Струмица беше отворена меѓународната изложба на цртежи и слики изработени од средношколците во Струмица, а истовремено и во градската библиотека во Грујец се отвори изложба со дела од младите таленти од овој полски град.

Comments are closed.