Во пресрет на Светскиот ден на Велосипедот – 3. јуни започна второто издание на “Вело Струмица”.
Со досега воспоставената велосипедската инфраструктура, како и преку развојот на рекреативните велосипедски содржини како памп патеката, континуирано вложуваме во развојот за Европска, прогресивна Струмица.- изјави Костадинов на синоќешното отварање на второто издание на “Вело Струмица”.
Чекор напред е креирањето на велосипедското-рекреативното игралиште зад мене – памп патека, мулти-функционални простори кој придонесува за прогресивни локални заедници.
Како дел од визијата за Струмица – паметен вело град, предвидена е изградба на планински велосипедски патеки, како и развој на велосипедска инфраструктура која има за цел поврзување на населените места со градот.
Продолжуваме со исто темпо, неуморно и посветено, кон креирање на современи решенија и можности во интерес на жителите на општина Струмица, кон прогрес! -изјави Костадинов
#СЕеБлиску#СтрумицаВелоГрад#VeloCity#VeloStrumica#Velo#bicycle#ВелоСтрумица#ВелоГрад#Струмица#фестивал#WorldBicycleDay