ЖФК Тиверија сезоната ја заврши во 3. место во Првата женска фудбалска лига

Женскиот фудбалски клуб Тиверија заврши уште една успешна сезоната во Првата женска фудбалска лига, откако струмичките фудбалерки сезоната ја завршија на третото место на табелата.

„Тиверјанки“ одиграа 20 натпревари и на истите забележаа 15 победи, две ремија и три порази за вкупно 47 освоени бодови.

На овие 20 натпревари фудбалерките на Тиверија постигнаа 98 погодоци, а примија 17 погодоци.

Шампион во Првата женска фудбалска лига е екипата на Љуботен.

Comments are closed.