Академија Пандев се ребрендира во Брера Струмица и ќе атакува на излез во Европа

Прволигашот Академија Пандев доби нови мнозински сопственици и веќе се започнати сите административни процедури за ребрендирање на клубот, кој од следната сезона ќе се вика Брера Струмица.

Италијанската компанија „Брера“ пред околу 2 месеци купи 90% од акциите и започна соработка со Горан Пандев.

Откако ќе биде завршена процедурата за ребрендирање на клубот, ќе започне фаза на креирање на тим за следната сезона и назначување на нов тренер, а целта на струмичани со новите сопственици од Италија ќе биде редовен излез во Европа, а тоа ќе значи и нови финансии за клубот.

Comments are closed.