Денеска во Струмица градоначалникот Костадинов им посака добредојде на одбојкарите и стручните одбојкарски работници од Полска, односно од Академијата Talentow Jastrzębskie Węgiel со која нашиот одбојкарски клуб Струмица потпиша меморандум за соработка.
На средбата се разговараше за воспоставената соработка, за актуелните случувања во одбојкарските клубови и идните планови.
Како голем почитувач и поддржувач на спортот им ја потврдив мојата поддршка во соработката меѓу струмичките и полските одбојкари. – изјави Костадинов





