Како единствена Општина во државата која има функционален Локален совет за превенција, градоначлникот Костадинов го презентираше пред претставници на Мисијата на ОБСЕ во нашата држава, партнерите во Советот и колеги градоначалници од југоисточниот регион.
Благодарение на овој Совет ги решивме дивите продавачи на земјоделски производи и текстил коишто беа распослани долж булеварите, околу пазарот „Чешел“, а со силна и заедничка одлука на сите партнери во Советот го формиравме и првиот стационар „Лана“ и системски го решаваме проблемот со бездомните кучиња. Продолжуваме со нови предизвици како што се вандализмот врз урбаната опрема и ченчерите. – изјави Костадинов
Советите се многу важни, особено по негативните примери од соседство, а кои не сакаме да се повторат кај нив, ниту да се случат кај нас.
Колку повеќе дискутираме и отвораме дијалог за проблемите коишто ги имаме и им погледнеме во очи, толку побрзо и ќе најдеме решение, а решение има само доколку сите надлежни институции функционираат како едно, а токму тоа и го правиме во нашиот Совет за превенција -изјави Костадинов