Aмбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во посета на Струмица

Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во нашата држава, г. Килиан Вал и неговите соработници денеска ја посетија Општина Струмица.

На средбата со градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов тие разговараа на повеќе теми но главна беше функционирањето на Општината и новите предизвици пред кои се наоѓаме, а со чии решенија се потврдува дека Струмица е лидери во практицирањето на локалната власт.

Се потенцираше Локалниот совет за превенција кој со својата функционалност ја прави Струмица единствена Општина во државата со таков успешен начин на решавање на проблемите на граѓаните.

,,ОБСЕ ги препознава прогресивните локални заедници и му се заблагодарив на амбасадорот г. Вал за поддршката на нашата Струмица.” – изјави градоначалникот Костадинов

Comments are closed.