Струмичките карневалски групи деновиве имаа уште едно успешно претставување на Струмичкиот карневал во странство.
Овојпат достојно се претставија на 2-от меѓународен Бањалучки карневал кој се одржа од 26 до 28 мај 2023 година, во Бања Лука, Република Српска, БиХ.
Меѓу 18-те карневалски групи учесници, нашите карневалски групи: ООУ ,,Сандо Масев” Струмица, со карневалска маска ,,Моќта на љубовта”, Здружение за ора и песни ,,Фолклорна низа” Струмица со карневалска маска ,,Магични празници” и карневалска група ,,Китка” со карневалска маска ,,Цвеќиња”, секоја поединечно имаше впечатлив настап пред домашната публика, привлекувајќи го и вниманието на локалните и националните медиуми.