
Поранешниот шеф на стручниот штаб на Беласица, Александар Стојанов е повратник во струмичката гордост, тој е дел од реорганизацијата на младинската школа и е назначен за координатор на школата која пролетва избори влез во Супер лигата.
За Стојанов ова не е нова функција, а истата ја извршуваше и во прволигашот Академија Пандев со голем успех. Покрај ова, Стојанов имаше ангажмани како тренер во младите категории во Академија Пандев, помошен тренер на првиот тим на Академија Пандев и како шеф на стручниот штаб на Беласица.
„Со своето знаење, како носител на УЕФА Про лиценца, се надеваме дека заедно ќе успееме да создадеме достоен фудбалски дом за сите деца кој го сакаат овој спорт“, велат од Беласица.