Во Струмица се одбележ Денот на пожарникарите

 Со презентирање на против пожарната опрема пред граѓаните и ученици од основни училишта ТППЕ Струмица вчера во Градскиот парк го одбележа 20 Мај-Денот на пожарникарите.

Според командирот на струмичките пожарникари, Александар Гудев, од година во година опремата се повеќе се модернизира и е наменета за квалитетно исполнување на секојдневните задачи.

-Нашата ТППЕ Струмица од година во година бележи квалитетен напредок и е опремена со најсовремена опрема за секаков вид предизвици.Посебно сме горди што нашиот тим за брз одговор беше дел од Републичките сили кои ја пружија првата помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Република Турција, рече Гудев.

Comments are closed.