ОФИЦИЈАЛНО: Илија Матеничаров нов потпретседател на Беласица, ќе работи и со најмладите

Илија Матеничаров се враќа во струмичката гордост и ќе биде нов потпретседател на Беласица. За Матеничаров и неговата кариера во фудбалот се запознаени струмичани и цела македонска јавност и што тој може да и понуди на струмичката гордост – Беласица.

Претседателот Славчо Васков – Пинда му ја довери функцијата, преку која ќе има главна задача да ја врати старата, блескава и препознатлива младинска школа на ФК Беласица, сега откако млади сили на струмичани изборија пласман во младинската Суперлига. Реорганизација, донесување на нови познати и талентирани тренери, како и подигање квантитативно и квалитативно на младинската школа со нови талентирани фудбалери се низата предизвици со кои Матеничаров ќе се соочи.

Беласица сезоната ја заврши на 10. место во Втората лига со 35 бодови, а за следната сезона најавува атак на местата кои водат во Прва лига.

Comments are closed.