
Фудбалерите на Академија Пандев со реми (2:2) против Силекс ја затвори сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Арсим Љамалари во 5. минута си постигна автогол за водство на „пандевци“ од 1:0, а по три минути Димитар Трајков погоди за 2:0. Георге Јанкулов во 13. минута си постигна автогол за 2:1, а пак Марко Ѓорѓиевски во 20. минута погоди за конечни 2:2.
Академија Пандев сезоната ја заврши на 9. место на табелата со 28 бодови на своето конто.