Беласица со пораз од Охрид на „Билјанини Извори“ ја затвори сезоната во Втора лига

ФОТО: Александар Ванев | Забрането секакво превземање на фотографијата и текстот без претходно добиена согласност од авторот на фотографијата и текстот!

Беласица со пораз од Охрид со 3:0 на „Билјанини Извори“ ја затвори сезоната во Втората македонска фудбалска лига. Струмичката гордост сезоната ја заврши на 10. место на табелата со 35 освоени бодови.

На 30 одиграни натпревари Беласица забележа 10 победи, пет ремија и 15 порази, со гол разлика од 36 постигнати и 47 примени погодоци.

На вчерашниот натпреваро во рамки на последното 30. коло, Беласица со 3:0 загуби од Охрид на гостински терен. Охриѓани до победата стигнаа со двата гола на Хусеин Демири и едниот гол на Аљтин Лога.

Comments are closed.