
Беласица денес ќе го одигра последниот натпревар од Втората македонска фудбалска лига, а во рамки на последното 30. коло, струмичани ќе гостуваат на „Билјанини Извори“ каде ќе се соочат со Охрид.
За Беласица триумф ќе значи многу со оглед на тоа што може да се искачи до осмото место на табелата, а со пораз да се спушти и до 11-тото место, во завиност од резултатите на останатите екипи. Струмичани во Охрид патуваат со четири порази во низа, додека пак Охрид им дава шанса на помладите фудбалери, како и на фудбалери со помала минутажа.
Натпреварот ќе стартува во 17 часот, а главен судија на истиот ќе биде Бењамин Ќерими од Скопје.