Четири фудбалери на Академија Пандев со повик во репрезентацијата на Македонија до 15 години

Селекторот на У-15 репрезентацијата на Македонија, Раде Каранфиловски повика четири фудбалери на Академија Пандев кои ќе земат учество со репрезентација на турнирот „Dele nacionale“ во Италија.

Матео Кесиќ, Ристе Стоилов, Александар Трајков и Габриел Талевски се фудбалерите кои добија повик од селекторот Каранфиловски.

Comments are closed.