„Почитувани сограѓани од исламска вероисповед
Ги дочекавте последните три дена од Рамазанскиот месец кој го одбележавте со молитва и прочистување на телото и душата.
По Рамазанските пости кои ги поминавте со должна почит кон Вашиот Бог, но и со пронаоѓање на добрината во Вас, дојде времето за празнување и радување.
Сега е време да му се препуштите на вашиот Рамазан Бајрам, или Шеќер Бајрам, како што милувате да го наречете. Нека овој празник ви донесе многу радост, веселба и среќа во Вашите души и во душите на Вашите најблиски.
Семејниот собир покрај празничната трпеза, дочекајте го со исполнети желби за здравје, благосостојба, мир и хармонија.
Нека ви е честит и вековит Рамазан Бајрам“, се вели во честитката од градоначалникот Костадин Костадинов.