
Ретко која работа денес може да се каже дека е без стрес, но по неколку години тестирање и истражување, кинеските научници издвоија една.
Доктори, пилоти, возачи на автобуси, наставници, сето тоа се работни места кои би можеле да ги замислиме да го заземат првото место на листата на најстресни работни места во светот. Сепак, најстресната работа на светот е работата на келнер, односно барем така тврди студија на јужниот медицински факултет во Кина.
Отпрвин, ова откритие малку не изненадува, бидејќи тоа е работа со помала одговорност од, на пример, пилот. Но, ако размислите добро, резултатот од студијата ни изгледа убедлив. Келнерите се постојано под ментален и физички притисок во текот на работното време, а факторот на стрес е многу висок.
За возврат, тие доживуваат малку ценење и, како тоа да не е доволно, работата воопшто не е флексибилна. Конечно, за разлика од лекарите, келнерите не се наградуваат со добра плата или признание. Научниците откриле и дека стресот предизвикува многу почесто користење на цигари и алкохол кај келнерите.
Оваа студија се спроведуваше 17 години со вкупно 136.000 испитаници.