Дознајте кој витамин е важен и во која храна се наоѓа

Доколку сакате на вашето тело да му обезбедите доволно количество витамини, важно е пред се да знаете која храна ги содржи и за што служи секој од нив.

Исто така, многу е важно да се знае што го намалува нивниот ефект и во какви дози се земаат, пишува „Брајт Сајд“, пренесува 24сата.хр.

Витамин А

Овој витамин е одговорен за помлада кожа, здрава коса и нокти, добар вид и силни коски. Може да се најде во моркови, агруми, сирење, млеко, јајца, риба, магдонос, спанаќ и црн дроб.

Важно е да се нагласи дека витаминот А се уништува со висока температура и долгорочно складирање.

Дневната препорачана доза на овој витамин е од 0,4 до 1 mg – што ќе ја најдете на пример во 100 g паштета од говедски црн дроб.

Витамин Б1

Витаминот Б1 е одговорен за добра функција на мозокот, добро варење, здрави мускули, здраво срце и квалитетен сон.
Може да се најде во пивскиот квасец, свинското месо, јаткастите плодови, овесната каша и мешунките.

Витаминот Б1 се уништува со долготрајна подготовка, додавање сол за време на готвењето и пиење кафе за време на оброците.

Дневната препорачана доза е 1,3 до 2,6 mg – што е она што ќе го најдете во една свинска котлета.

Витамин Б2

Тој е одговорен за регенерација на клетките, добар вид и здрави мускули.

Може да се најде во млекото, бадемите, јајцата, печурките, леќата, урдата, квасецот и месото.

Се уништува со складирање на ладно место и изложување на светлина.

Препорачаната дневна доза е 1,3 до 3 mg – што е она што ќе го најдете во две пилешки јајца.

Витамин Б5

Овој витамин е одговорен за добра меморија, добро расположение, за брзо закрепнување по болест, но и за здрави крвни садови и здраво срце.

Може да се најде во различни меса, пилешко, жолчка од јајце, млечни производи, кавијар, мешунки, јаткасти плодови, квасец, овесна каша, леќата, ориз и брокула.

Витанинот Б5 го уништува повторното замрзнување.

Препорачаната дневна доза е 5 mg – која ќе ја најдете во 100 g свински црн дроб.

Витамин Б6

Тој е одговорен за подмладување на телото, силен нервен систем и здрави крвни садови.

Може да се најде во житарки, пченични никулци, зелена салата, зелка, банани, ореви, пченични трици, лосос и месо

Се уништува со продолжено изложување на светлина.

Препорачаната дневна доза е 1,6 до 2 mg – што е она што ќе го најдете во 300 g говедско месо.

Витамин Б12

Тој е одговорен за нормална тежина, добар имунитет, меморија и здрав дигестивен тракт

Може да се најде во соја, хмељ, спанаќ, риба, млеко, сирење, јајца и разни видови месо.

Се уништува со продолжено изложување на светлина и високи температури.

Препорачаната дневна доза е од 2 до 5 mg – која ќе ја најдете во 100 g лосос.

Витамин Ц

Овој, најбараниот витамин е одговорен за мазна кожа, добар имунитет, добро расположение, здрава коса и нокти.

Може да се најде во цитрусно овошје, шипка, црвено овошје, карфиол, грашок, ротквици, киви, аспарагус.

Готвењето го уништува.

Препорачаната дневна доза е 70 g – која ќе ја најдете во половина портокал.

Витамин Д

Задолжен е за здрави коски, правилно згрутчување на крвта, заштита од настинки, исфрлање на токсините од телото, добро расположение, здрави крвни садови и здраво срце.

Може да се најде во сирење, путер, урда, жолчки од јајце, риба, морски плодови, компири, растително масло и говедско месо.

Готвењето го уништува.

Препорачаната дневна доза е 2 до 5 mg – што е она што ќе го најдете во две пилешки јајца.

Витамин Е

Витаминот Е е еден од омилените витамини на понежниот пол. Задолжен е за подмладување на организмот, нормална работа на репродуктивните органи, добро расположение, заштита од штетни материи од околината.

Може да се најде во месото, сончогледовото масло, пченката, семките од тиква, маслиновото масло, путерот, јаткастите плодови, млечните производи и црниот дроб.

Се уништува со долгорочно складирање.

Препорачаната дневна доза е од 30 до 50 mg – што е една лажица нерафинирано масло.

Витамин К
Тој е одговорен за брзо зараснување на раните, нормално згрутчување на крвта и здрави и силни коски.

Може да се најде во спанаќот, копривата, магдоносот, ротквиците, зелката, карфиолот, црвената зелка, морковите, доматите, јагодите како и во зелениот чај.

Се уништува со продолжено изложување на светлина и продолжена подготовка.

Препорачаната дневна доза е од 1 до 2 мг – која ќе ја најдете во две лажици магдонос, пишува „Брајт Сајд“, пренесува 24сата.хр.

Comments are closed.