Колку долго може да останат за јадење остатоците ако ги чувате во фрижидер?

Дали ги чувате остатоците од ручекот и вечерата за подоцна? Нема ништо лошо во тоа, но не јадете храна ако е премногу долго во фрижидер.

Остатоците може да ви го олеснат животот во следните денови доколку, на пример, ги понесете со себе на работа и на тој начин избегнувате брза храна. Можете да ги оставите и дома, да ве чекаат кога ќе се вратите од работа и немате желба да готвите.

Сепак, остатоците не траат вечно, па важно е како и колку долго ќе ги чувате.

Повеќето варени јадења може да се чуваат во фрижидер 3 или 4 дена откако ќе се подготват. Сепак, секојдневно проверувајте дали складираните оброци сè уште се јадливи, бидејќи одредени намирници нема да траат толку долго.

Остатоците задолжително чувајте ги во фрижидер, а исто така пожелно е малку да се извадат на собна температура пред повторно да се загреат. Доколку не ги изедете сите остатоци веднаш, преостанатиот дел од храната задолжително ставете го во фрижидер во рок од 2 часа откако ќе ја извадите.

Со подгревање на остатоците, можете да им го продолжите рокот на траење, бидејќи со овој процес ги убивате бактериите кои во меѓувреме се размножиле, па тие ќе бидат за јадење ден-два подолго.

Меѓутоа, подгревањето ја намалува хранливата вредност на храната, па оброкот нема да биде толку хранлив како кога ќе го јадете веднаш по подготовката. Затоа е подобро секогаш да подгревате само онолку колку што ќе јадете.

Comments are closed.