
Денес, (понеделник) 03.04.2023 година околу 17.00 часот, во близина на с.Костурино, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 5 пожарникари – спасители интервенираше на сообраќајна несреќа на излетано од коловозната лента и превртено возило. Благодарение на брзата интервенција возачот е извлечен од возилото со помош на специјални хидраулични алатки и опрема и е предаден на екипа на брза помош.


