Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе Одлука со која од полноќ се зголемува цената само на мазутот за 1,111 ден/кг, додека пак цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.
Цени од 31.03.2023 година од 00:01 часот:
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 82,00 (денари/литар)
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 84,50 (денари/литар)
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 73,00 (денари/литар)
- Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС – 38,739 (денари/килограм)