
Академија Пандев игра одлична пролет, а тоа резултираше со излез од бараж зоната и искачување на табелата во Првата македонска фудбалска лига.
„Пандевци“ со далеку подобар позитивен ефект од есенскиот дел патуваат во Струга, каде ќе се соочат со лидерот на табелата, екипата на Струга Трим Љум, во рамки од 25. коло од ПМФЛ, а меч кој е закажан со почеток од 15 часот.
Струмичкиот прволигаш направи бодовна разлика и пополека повеќе од сигурно е дека ќе избори директен опстанок, но сепак бодови за работата да биде сигурно завршена многу порано, а пак Струга не е сигурна на патот кон историската титула. Токму тоа и го прави мечот повеќе од возбудлив околу борбата за победа и три бода.
Главен судија ќе биде Јосип Бартон од Скопје.