Беласица в сабота на домашен терен против Гостивар

ФОТО: ФК Воска Спорт | АРХИВА

Екипата на Беласица в сабота на домашен терен против Гостивар ќе се соочи во рамки на 22. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Трите бодови се од огромна важност за двете екипи, особено за гостите кои сакаат директен влез во Прва лига. Гостувањето на Гостивар во Струмица ќе биде повеќе од тешко, а соочувањето ќе биде неизвесно околу трите бодови.

Гостивар е трет на табелата со 48 бодови, додека пак Беласица е на шестото место со 32 бодови.

Главен судија на овој меч ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци, а мечот ќе стартува во 15 часот.

Comments are closed.