
Вчера беше поставен втор слој асфалт на патот кон селото Сачево во должина од 450 метри.



„Ни променливите временски услови не не попречуваат да се откажеме од нашиот план и дадениот збор. Градежната механизација денеска е на терен. Градежната офанзива ја започнавме со ставање втор слој асфалт на патот кон селото Сачево во должина од 450 метри. Работиме со многу љубов и со срце за нашата европска Струмица“, рече градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.