Градоначалникот Костадинов во работна посета на Љубљана: Општина и град каде може да се види, научи и преземе големо искуство

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов во работна посета на Љубљана, а како што вели: „Општина и град каде може да се види, научи и преземе големо искуство“.

„Ljubljanski potniški promet“ e градското транспортно претпријатие каде остваривме средба со Авторитети одговорни за менаџмент на транспортот и одржување на превозните средства. Имајќи го предвид претстојното подигнување на Струмичкото ЈП за транспорт, слушнав многу корисни информации и податоци и стекнав уште подобра слика за прогресот на јавниот транспорт во Струмица. Благодарам на домаќините за времето и поддршката! Со Директорката на „Zavetišče Ljubljana“, г-ѓа Барбара Михелиќ разменивме искуства за третманот на бездомните животни. Заедно со Директорката на струмичкиот стационар „Лана“, г-ѓа Сузана Стојкова, во пракса видовме на каков начин општина Љубљана се справува и ги третира овие животни и секако, се носи со тековните предизвици. Резултатот е фантастичен – Љубљана е можеби единствената метропола која нема бездомни животни. Едно е јасно – Општина Струмица е на вистинскиот пат долгорочно да го решава овој проблем. Ги следиме искуствата, за прогрес на Струмица“, рече градоначалникот Костадинов.

Comments are closed.