Надуеноста е многу непријатен здравствен проблем, па затоа е добро да знаете која храна да ја избегнувате за да ја намалите можноста за надуеност и гасови.
Ако често јадете црвено или преработено месо, тоа не само што може да предизвика чувство на надуеност, туку може да го зголеми и ризикот од рак на дебелото црево. Преработеното месо е особено штетно, бидејќи поминува низ различни процеси на преработка пред пакувањето. Мастите од овие намирници можат да доведат до проблеми со крвните садови.
Гума за џвакање
Гума за џвакање предизвикува да голтате повеќе плунка и повеќе воздух, што може да влијае на гасовите и надуеноста. Ако имате проблеми со надуеност, земете бонбони како посоодветна замена за оваа храна.
Газирани пијалоци
Газираните пијалоци генерално треба да се избегнуваат, бидејќи се полни со рафиниран шеќер и носат т.н. „празни“ калории. Меурчињата кои се наоѓаат во газираните пијалаци содржат воздух, што би значело дека воздухот завршува во дигестивниот систем и предизвикува надуеност. Исто така, треба да избегнуваме да пиеме газирани пијалоци со сламка, бидејќи на тој начин голтаме уште повеќе воздух.