
Денес градоначалникот Костадин Костадинов оствари средба со Нејзината Екселенција Адела Моника Аксинте, амбасадорка на Романија во нашава земја.

Посакувајќи и добредојде на госпоѓата Аксинте, градоначалникот Костадинов ја запозна со спецификите и потенцијалите на општина Струмица, како и со активностите на Локалната самоуправа за понатамошен прогрес на општината.

Романската амбасадорка, од своја страна, ја потенцираше добрата соработка меѓу Романија и Северна Македонија како земји сојузници во НАТО, но и целосната поддршка за членство на нашата земја во ЕУ, изразувајќи надеж за развој на соработката меѓу романската амбасада и Општина Струмица. Градоначалникот Костадинов истакна дека Општината е секогаш отворена за таква соработка, со надеж дека нејзиното унапредување ќе биде од значајна полза за општина Струмица и нејзините граѓани.

