
Беса забележа убедлива победа над Беласица со 3:0, а победата беше обезбедна уште во првиот дел од натпреварот, кога домашната екипа покажа доминантна игра со водство од 3:0 по првите 45 минути. Натпреварот се одигра во рамки на 21. коло од Втората македоска фудбалска лига.
Лимани погоди за 1:0 по четири минути игра, а потоа погодија Гаши и Назифи за конечни 3:0, откако во вториот дел мрежите мируваа.
Беласица останува на шестото место со 32 бодови, а во следното коло ќе биде домаќин на Гостивар.