
Академија Пандев и Шкупи го поделија пленот играјќи 1:1 во Струмица, во рамки на 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Шкупи рано остана без Адем, откако заработи црвен картон, но и тоа не беше проблем, Маргбелашвили да ја стресе мрежата за водство на шампионот од 0:1 во Струмица по првите 45. минути.
Во вториот дел Велиновски погоди за конечни 1:1 и голем бод за “пандевци”.
Академија Пандев со 20 бодови е на деветото место на табелата, а во следното коло ќе гостува кај лидерот Струга Трим Љум.