Вечерва се одржа презентација на „Локална стратегија за млади на општина Струмица, 2023 – 2027“

Вечерва се одржа презентација на „Локална стратегија за млади на општина Струмица, 2023 – 2027“ која е плод на соработката на Општина Струмица со Центарот за истржување и анализи „Новус“.

Станува збор за документ кој ги афирмира заложбите за што поголема вклученост на младите во процесите на донесување одлуки, креирање политики и задоволување на нивните интереси, но и јасно и недвосмислено го утврдува патоказот на кој ќе бидат позиционирани младите од општина Струмица.

На презентацијата свое обраќање имаше и градоначалникот Костадин Костадинов, кој ја истакна дека отстапувањето простор за младите и нивното вклучување во важните процеси на општина Струмица, е всушност јакнење на нивните позиции во заедницата и општеството, и причина плус да останат во општината, како место за негување и развивавање на нивните потенцијали.

Инаку, главни цели на Локалната стратегија за млади 2023-2027 на општина Струмица се: пристапот до квалитетно образование, младите на пазарот на трудот, културата и уметноста, спортот и рекреацијата, здравјето и благосостојбата, како и чистата и здрава животна средина.

„Младите и младешкиот дух – сегашност и иднина на општина Струмица. Тоа би бил заклучокот од вечерашната презентација на „Локална стратегија за млади на општина Струмица, 2023 – 2027“, исклучително значаен документ кој содржи сеопфатни, ефикасни и одржливи решенија, кои во фокусот го имаат интересот на младите, но и нивното социо-економско вклучување во младинските политики на општината. Младите и Општина Струмица мора да бидат во нераскинлива врска, затоа што нивните интереси се и наши. Благодарам „Новус“ за извонредната соработка“, рече градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.

Comments are closed.