Отворена фитнес зона во Струмица

Струмица доби фитнес зона во близина на градскиот парк. Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски заедно со градоначалникот Костадин Костадинов направи примопредавање на 5-тата од „Проектот 15 фитнес зони“, со што Струмица доби фитнес зона.

„Струмица не би била Струмица без да „никнат“ нови содржини. Една таква „осамна“ и денес во непосредна близина на струмичкиот градски парк. Станува збор за нова „Фитнес зона“ наменета за љубителите на спортот, рекреацијата и фитнес вежбањето, како плод на одличната соработка меѓу Општина Струмица и Агенцијата за млади и спорт. Со директорот на Агенцијата, Наумче Мојсовски, и се израдувавме на прекрасната Фитнес зона, со желба таа радост да им ја пренесеме и на граѓаните. Нека ви е со среќа мои сограѓани. Со професионалните справи за вежбање, во комбинација со чистиот воздух од градскиот парк, одржувајте го здравјето на телото и духот“, рече градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.

„Денеска заедно со градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов, направивме примопредавање на 5та од “Проектот 15 фитнес зони” поставена во близина на градскиот парк во Струмица. Во Струмица e најавено да започне со градба и затворениот базен во месец Март .
Струмица била и ќе остане спортска, заедно ќе продолжиме да вложуваме во спортот и младите.
Агенцијата за млади и спорт продолжува со реализација на спортските ветувања“
, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

Comments are closed.