Кривична за 32-годишен струмичанец за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.К.(32) од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 02.12.2022 на стариот пат Куманово – Свети Николе, кај место викано „Искрин мост“, атар на с.Добрашане, кумановско, при извршен преглед кај пријавениот е пронајдена марихуана.

Comments are closed.