Спартмани домаќин на Карбинци во Градско Балдовци

Екипата на Спартмани в недела ќе го пречека тимот на Карбинци како домаќин во рамки на 14. коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток. Важен натпревар и на двете екипи со цел прогрес кон повисок пласман на табелата.

Трите бодови од мечот кој ќе се одигра во Градско Балдовци може да направат промени во средишниот дел на табелата. Спартмани со 14 бодови е на осмото место на табелата, а пак Карбинци со 15 бодови на е седмата позиција, па трите бодови може да направат промени во однос на овие две екипи.

Натпреварот ќе започне во 15:00 часот, а главен судија ќе биде Јордан Јовановски од Гевгелија.

Comments are closed.