
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Олдука со која цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит.
Цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Цени од 18.03.2023 година од 00:01 часот:
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81,50 (денари/литар)
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,50 (денари/литар)
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 75,50 (денари/литар)
- Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 74,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС – 39,779 (денари/килограм)