Ова се минерали кои го чуваат здравјето

Минералите се основа за добро здравје, бидејќи помагаат во клучните функции на телото. Нивниот недостаток доведува до загрижувачки симптоми. Лошата исхрана е најчеста причина за недостаток на минерали во телото, а на луѓето обично им недостасува железо, јод и калциум.

Здравата исхрана игра клучна улога бидејќи телото не произведува минерали по природен пат, што значи дека мора да се храните добро за да обезбедите доволно количество минерали. Диетата која вклучува свежо овошје, зеленчук, јајца и риба е доволна за вашето тело да добие доволно минерали. Треба да се напомене дека е неопходно и најмалку седум часа сон.

Калциум

Се препорачува дневен внес од 1.000 mg за жени и 1.200 mg за мажи. Калциумот гради и одржува силни коски и заби, помага во функционирањето на мускулите, го контролира функционирањето на клетките, комуникацијата и сигнализацијата. Ниското ниво доведува до остеопороза и лесни фрактури на коските. Вишокот на калциум предизвикува непријатност, висок крвен притисок, камења во бубрезите и жолчката.

Калциумот го има во бадеми, смокви, моркови, суво грозје, ориз, лук, спанаќ, индиски ореви, папаја и целер.

Калиум

Се препорачува 2.000 mg на ден за жени и мажи. Тоа е важно за функционирање на нервите, мускулна контракција, одржување на нормален крвен притисок и здрава рамнотежа на водата во крвта и телесните ткива. Недостатокот предизвикува напнатост, замор и бавно чукање на срцето. Прекумерната количина на калиум доведува до хипертензија.

Калиумот може да се најде во портокалите, бананите, кикириките, грашокот, кокосот и спанаќот.

Селен

Препорачаната дневна доза на селен е 70 mcg за мажи и 55 mcg за жени. Селенот помага во формирањето на спермата, ги штити клетките од оштетување и ја регулира функцијата на тироидната жлезда. Покрај тоа, го намалува ризикот од рак на простата, белите дробови и дебелото црево. Недостатокот на селен предизвикува мускулна слабост, забрзано чукање на срцето и ослабен имунитет.

Селенот го има во туната, раковите, житарките и зачините.

Натриум

На жените им се потребни 1.300, а на мажите 1.500 mg дневно. Натриумот помага во регулирање на водата во крвта и ткивата. Нискиот натриум доведува до замор, безволност, ментална конфузија, гадење и грчеви во мускулите. Натриумот се наоѓа во кујнската сол, сокот од лимета и млечните производи.

Цинк

Препорачаната дневна количина за мажи е 15, а за жени 12 mg. Цинкот го зајакнува имунитетот, репродуктивната моќ и нервниот систем, а корисен е и при згрутчување на крвта. Недостатокот предизвикува дерматитис, абнормална бременост, слаб вид и абнормално чувство за вкус и мирис.

Цинкот може да се најде во црвеното месо, бадемите, кикириките, сојата, млечните производи, печурките и сончогледот.

Хлорид

2.300 mg се препорачува за жени и 2.000 mg за мажи. Корисен е за здравјето на нервниот систем, мускулната функција, рамнотежата на водата во крвта и ткивата. Недостатокот на хлорид доведува до мускулна слабост, неправилни отчукувања на срцето и ја нарушува функцијата на бубрезите.

Хлоридот е содржан во брокулата, компирот, сокот од портокал, зелениот лиснат зеленчук, бананите и доматите.

Бакар

Се препорачува дневна доза од 2 до 6 mg за жени и мажи. Помага во метаболизмот на железото, формирањето и циркулацијата на црвените крвни зрнца, како и производството на енергија за клетките. Ниските нивоа доведуваат до проблеми со циркулацијата.

Бакар се наоѓа во козјиот црн дроб, индиските ореви, семките од сончоглед, пченични трици и цели зрна.

Флуор

Се препорачува дневен внес од 4 mg за жени и 3 mg за мажи, а го спречува забен кариес. Недостатокот доведува до подлабоко пожолтување на забите и усните, а флуорот може да се најде во чаевите, рибите, како и во пастите за заби и средствата за плакнење на устата.

Јод

150 mcg дневно се препорачува за жени и 1.100 mcg за мажи. Јодот помага во производството на тироидни хормони, а недостатокот предизвикува зголемување на тироидната жлезда.

Јодот се наоѓа во јодирана сол, морските плодови и морските алги.

Железо

Препорачаната дневна доза е 10 до 12 mg за мажи и жени. Железото служи за транспорт на кислород низ телото преку црвените крвни зрнца. Недостатокот доведува до анемија, слабост, промена на бојата на ноктите, депресија и губење на вниманието. Вишокот на железо се складира во срцето и предизвикува проблеми со срцето.

Железото се наоѓа во зелениот лиснат зеленчук, црвеното месо, јајцата, живината и сојата.

Магнезиум

10 до 12 mg се препорачува за жени и мажи. Ги помага функциите на мускулите и нервите, го смирува ритамот на срцето и ја зачувува силата на коските.

Недостатокот доведува до висок крвен притисок и проблеми со срцето. Магнезиумот го има во пилешкото, печурките, спанаќот, цели зрна, зелен лиснат зеленчук, бадеми, грашок, авокадо, банани, киви и ракчиња.

Comments are closed.