Колку време ни треба за да го надминеме раскинувањето?

Досега психолозите не предупредуваа дека по раскинувањето на долгата врска мора да бидеме малку сами за да анализираме каде погрешивме и да разбереме што сакаме на љубовно поле во иднина.

Но, заклучокот од студијата спроведена на Универзитетот во Илиноис го кажува токму спротивното – колку побрзо најдете нов партнер, толку полесно и побрзо ќе го преболите стариот.

Поволниот ефект од „скокањето“ во нова врска не завршува тука – испитаниците кои се воделе по оваа логика имале и поголема самодоверба и самопочит. Спротивно на популарното верување, новиот партнер им послужил не само да ја утеши и пополни празнината што им ја остави старата љубов, туку и да создаде квалитетна врска.

Единствената замка од која треба да се чувате е – споредбата. Истражувањето покажува дека луѓето кои итаат во нова врска се повеќе склони да го споредуваат сегашниот партнер со поранешниот партнер, што многу поретко го прават оние кои биле сингл подолг период по раскинувањето.

Comments are closed.