Една навика помалку, спасена од рак

Дознајте што експертите ги советуваат вашите најблиски да го намалат ризикот од рак

Не мора да се откажете од слатките

“Многу луѓе мислат дека шеќерот предизвикува рак. Вистина е дека шеќерот помага во развојот на канцерогените клетки, но нема потреба целосно да се исфрли од исхраната. Газираните пијалоци не се препорачуваат, бидејќи податоците покажуваат дека диета која содржи празни калории како што се слатките и таквите пијалоци, може да го зголемат ризикот од рак. Но, ако се храните правилно и секогаш имате квалитетна храна во вашата чинија, сосема е во ред да се почестите со слатко некогаш одвреме-навреме“, препорачува невро-онкологот Нам Тран.

Сомнителни резултати од ПАП тестот? Престанете да пушите сега!

“Околу 80 отсто од жените биле изложени на ХПВ вирусот пред да стигнат до средна возраст. Повеќето жени со овој вирус не заболуваат од рак на грлото на матката. Сепак, не е невообичаено жената да оди на ПАП тест и да добие абнормални резултати кои може да укаже на преканцерозна состојба. .. Ова не значи дека нужно ќе се развие рак. Преканцерозните клетки може да се отстранат, а болните мора да престанат да пушат за да се намалат шансите за повторување. Истражувањата покажаа дека канцерогените материи од тутунот може да се најдат во исцедокот на жените, и овие канцерогени ја зголемуваат веројатноста ХПВ вирусот навистина да ви наштети“, вели гинекологот Лорен Штрајхер.

Обрнете внимание на пријателите

“Минатото лето одлично се забавував со моите пријатели покрај базенот. Еден од нив помина покрај мене во габите за капење кога забележав темна дамка на грбот. Веднаш му кажав дека мислам дека има меланом, а тој ми одговори дека тоа беше само бенка.Подоцна дојде во мојата ординација,го прегледав и навистина имаше меланом.Само лекар може да дијагностицира рак на кожата,но секој може да види промени.Затоа редовните посети на лекар се многу важни,а пријателите можат да прегледаат делови од телото кои не можете сами да ги видите Секоја бенка која изгледа сомнително, се појави наеднаш или ја променила бојата или големината, треба веднаш да ја прегледа лекар“, советува Сандра Рид од фондацијата за рак на кожата.

Јаткасти плодови

„Препорачувам 30 грама било какви јаткасти плодови дневно. Истражувањата покажаа дека тие можат значително да го намалат ризикот од добивање рак. Студијата што ја спроведов покажа дека луѓето кои јаделе околу 30 грама јаткасти плодови имале 11 отсто помал ризик од рак, но тоа важно е да го консумирате секојдневно“, вели Чарлс Фахс, професор на Медицинскиот факултет Харвард.

Не избегнувајте колоноскопија

„Луѓето сметаат дека тој преглед е непријатен. Но, тоа не е причина да се коцкате со вашето здравје. Колоноскопијата може да открие некои промени дури и пред тие да станат канцерогени. Редовните контроли треба да се прават откако ќе наполните 50 години или порано, ако тоа е точно утврдено. од страна на докторот“, објаснува онкологот Армандо Сарди.

Само една промена во исхраната може да биде доволна

“Секогаш им кажувам на моето семејство и пријателите дека свежото овошје мора апсолутно да биде составен дел од нивното секојдневие. Истражувањата покажаа дека консумирањето свежо овошје е тесно поврзано со намалување на ризикот од рак. Меѓу најдобрите овошја се боровинките, малините, јагодите, капини, портокали, грејпфрут, лимон и цреши“, советува хематологот-онколог Џералд Гер.

Comments are closed.