Со пеење против ‘рчењето

Дали ‘рчењето на вашиот партнер го нарушува сонот ноќе по ноќ? Има решение, само треба да го убедите да пее барем 12 минути секој ден.

Таа вежба значително ќе ја намали силата и зачестеноста на неговото ‘рчење, тврдат британските научници од Одделот за оториноларингологија во болницата Кралската Девон.

Нивната мисија била да подложат 30 пациенти со многу изразен проблем со ‘рчењето на многу едноставен и донекаде необичен експеримент. Од нив било побарано да не пијат алкохол или пушат три месеци, да се хранат здраво и да пеат најмалку 12 минути секој ден. Колку и да им изгледаше бесмислено на многумина, резултатите од истражувањето ги изненадија дури и научниците.

Сите учесници во експериментот забележале дека интензитетот и зачестеноста на ‘рчењето значително се намалиле. Тогаш зошто да не го убедите и вашиот партнер да го проба? Не боли, ништо не чини, многу е забавно и што е најважно, на крајот може да спиете како јагне цела ноќ.

Comments are closed.