Еве што се случува кога пиете сода

Колку пати сте слушнале дека газираните сокови се лоши за вас? Безброј пати сигурно! Меѓутоа, што навистина се случува со вашето тело кога пиете само сода? Пред неколку дена беше објавено видео кое на многу графички начин покажува колку се штетни газираните сокови.

Веќе со првата голтка киселината ја кородира забната глеѓ, а со тоа бактериите побрзо се собираат и со текот на времето се развива кариесот. Сепак, тоа е само почеток. Во само една лименка газиран пијалок има 46 грама шеќер, па рецепторите на јазикот го сигнализираат вкусот на слаткото и испраќаат порака до мозокот каде се наоѓа центарот за наградување – мозокот го сигнализира ова како нешто добро и затоа бара неговата нова доза. Така настанува слатка зависност.

Само на пример, ако една недела пиете газирани сокови наместо вода, тогаш во организмот ќе внесете дополнителни 5.430 калории покрај целата храна што редовно ја земате – секако, разликата ќе се забележи на вагата, па не е чудно што газираните сокови се едни од главните виновници за дебелината во Америка.

Големото количество шеќер е опасно за нормалното функционирање на организмот, па може да доведе до дефект на инсулинот, што на крајот доведува до дијабетес. Газираните сокови исто така го забрзуваат стареењето, а ако не сте знаеле, нивната штетност се споредува со пушењето наркотици.

Затоа размислете двапати пред да посегнете по таа втора лименка газиран пијалок.

Comments are closed.