Компирите што ќе позеленеат можат да бидат отровни

Компирите се храна која многу често се наоѓа на трпезите во нашите домаќинства. Сепак, дали знаевте дека компирот може да биде отровен ако го јадете кога е зелен?

Компирите кои стануваат зелени или почнуваат да никнуваат поради предолго складирање или поради тоа што не биле складирани во соодветни услови може да бидат опасни по здравјето.

Содржи отровно алкалоидно соединение кое служи како природен пестицид, имено соланин. Присутен е во зголемена концентрација кај зелените, оштетените или никнати компири.

Соланинот не само што го менува вкусот на компирот, туку е и опасен по здравјето. Ако консумирате премногу соланин, може да се појават симптоми како гадење, болки во стомакот, повраќање и дијареа.

Важно е да се напомене дека отровот природно се наоѓа во сите компири, но кога неговото ниво ќе надмине 0,1 отсто во компирот, тогаш може да настанат сериозни проблеми.

Во светот има повеќе од 4.000 автохтони видови компири. Покрај компирот со руше, може да уживате и во готвењето со различни сорти, како што се слатки компири, сини компири, јапонски виолетови слатки компири или дури и црвени компири.

Comments are closed.