Лукот е сојузник за зачувување на здравјето на срцето

Добро познат факт е дека лукот носи бројни придобивки за нашето црево, меѓутоа, списанието Mind Body Green истакнува дека лукот е една од најценетите намирници кога станува збор за здравјето на срцето.

Лукот е првенствено познат по две работи – прави кујната да мириса на ресторан со пет ѕвезди, а нашиот здив мириса сосема спротивно од кујната.

Иако неговите ароматични својства се доста добро познати, здравствените придобивки што ги носи за организмот се многубројни, а го препорачуваат и кардиолозите.

Според Стивен Гандри, кардиолог и инструктор во Functional Nutrition Coaching, лукот е една од најценетите здрава храна кога станува збор за спречување на кардиоваскуларни болести.

Интересно, некои од придобивките се вкоренети во „дигестивните“ придобивки од овој зеленчук. Лукот е богат со пробиотски влакна, кои се неопходни за размножување на добрите бактерии во цревата.

Според една студија објавена во „Journal of Cardiovascular Disease Research“, докажано е дека пробиотиците управуваат со холестеролот во крвта, го намалуваат неговото производство, ги разградуваат жолчните киселини во црниот дроб, па дури и го користат вишокот холестерол како извор на исхрана.

Други истражувања сугерираат дека не само што лукот е одличен пробиотик, туку има и антибактериски својства, а јадењето лук исто така ја намалува плаката во артериите.

Теоријата за срцеви заболувања вели дека изложеноста на одредени инфективни агенси, како што се вируси, бактерии и паразити, може да доведе до масни наслаги во крвните садови и на крајот коронарна артериска болест.

Меѓутоа, бидејќи лукот содржи антиинфламаторни, антибактериски и антивирусни својства, со консумирање на оваа храна можете да го намалите ризикот од развој на инфекција, а со тоа и ризикот од развој на проблеми со срцето.

Истражувањата ги поддржуваат тезите за поврзаноста помеѓу консумирањето лук и намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни заболувања, а кардиолозите тврдат дека сликите на пациентите кои ја консумирале оваа храна, за кои би се очекувало да имаат акумулации на маснотии, покажуваат дека немаат наслаги во крвните садови воопшто.

Comments are closed.