Зеленило во градовите – за подолг и поквалитетен живот на жителите

ФОТО: pixabay

Во една неодамнешна студија спроведена од тим истражувачи од Институтот за глобално здравје во Барселона, беше заклучено дека градовите треба да се пошумуваат и нивната температура да се намали.

Засадувањето дрвја во урбаните средини може да го намали бројот на смртни случаи директно поврзани со високите температури и топлотните бранови за една третина. Како што наведоа истражувачите, моделирањето откри дека зголемувањето на садењето дрвја за 30 проценти може да ја намали температурата за околу 0,4 степени Целзиусови во текот на летните месеци.

Според истражувачите, од 6.700 предвремени смртни случаи како резултат на високите температури во дури 93 градови низ светот, една третина можела да биде спречена.

Во Европа, нешто помалку од 15 отсто од урбаните области се под засадени дрвја. Студијата на истражувачите, предводена од Тамара Ингман, од Институтот за глобално здравје во Барселона, посочува дека веќе знаеме дека високите температури во урбаните области се поврзани со негативни здравствени исходи, како што се кардиореспираторна инсуфициенција и прерана смрт.

„Нашата цел е да ги информираме локалните заедници и носителите на одлуки за придобивките од стратешко интегрирање на зелената инфраструктура во урбаното планирање. На овој начин би се промовирала поодржлива, поотпорна и поздрава урбана средина“, истакна авторот на студијата.

Терминот „урбан топлински остров“ се поврзува со градови каде што бетонот и асфалтот ја апсорбираат и задржуваат топлината, поради недостаток на вегетација.

Климатските промени веќе го влошија проблемот со глобалното затоплување. Летото 2022 година се смета за едно од најжешките во некои делови на Европа.

Иако повеќе луѓе ширум светот умираат од студ отколку од жештина во Европа, климатските модели предвидуваат дека фаталните болести кои се директна последица на топлината и високите температури ќе бидат сериозен проблем во иднина во следната деценија.

Во Европа температурите се повисоки и тие се последица на климатските промени на нашата планета. Врз основа на дневните просечни температури и истражувањата од 2015 година, констатирано е дека луѓето умираат во периодот од јуни до август. Податоците се дел од анализата за климатско моделирање“, велат истражувачите.

Температурите во градовите
Низ сите градови, 75 отсто од вкупното население живеело во области кои биле најмалку еден степен потопли, додека 20 отсто имале температури најмалку два степени потопли.

Генерално, градовите со највисоки стапки на смртност од температурата се во јужна и источна Европа.

„Ова е важно истражување. „Урбаното садење дрвја на целни места доведува до намалување на смртноста на населението во урбаните средини“, рече Лоренцо Ваинвригт, предавач на Универзитетот во Оксфорд.

Претходните студии покажаа дека зелените површини може да имаат дополнителни здравствени придобивки како што се намалување на кардиоваскуларните болести, деменција и лошо ментално здравје, како и подобрување на когнитивното функционирање кај децата и постарите лица.

Comments are closed.