Дали зелениот чај помага при слабеење?

ФОТО: pixabay

Зелениот чај е веројатно најздравиот избор меѓу незасладените пијалоци, иако не може да биде замена за вода, во споредба со него има некои предности кои влијаат на слабеењето.
Неколку шолји дневно може да влијаат на губење на тежината, покрај одржувањето на здрав метаболизам.

Некои состојки во зелениот чај, како што се кофеинот и антиоксидативните полифеноли, помагаат за слабеење бидејќи позитивно влијаат на метаболизмот и го забрзуваат.

Полесно ќе вежбате

Иако звучи малку неверојатно, зелениот чај е добар за вас доколку вежбате. Кофеинот е стимуланс кој го активира нервниот систем, па полесно се движиме и полесно ги извршуваме физичките задачи.

Тоа помага да се намали шеќерот

Ако консумирате многу шеќер, внесувањето незасладен зелен чај во вашата исхрана може да го поттикне вашето тело да се навикне на помали количини шеќер, што неизбежно води до губење на тежината.

Comments are closed.