Не спијте пред вклучен телевизор

ФОТО: Profimedia

Добриот сон е една од најважните работи за добро здравје, но кога во позадина има телевизор, речиси е невозможно да го имате. Иако многумина веруваат дека побрзо ќе заспијат со вклучен телевизор, експертите навистина не се согласуваат со оваа констатација.
Има многу истражувања кои покажуваат како секојдневното користење на технологијата влијае на нашиот сон, а со тоа и на целокупното здравје. Иако сè уште се во тек, суштината е иста – ако можете да избегнете користење на овие уреди во вашиот кревет, тогаш треба.

Студијата на Националната фондација за спиење покажа дека дури 60% од Американците гледаат телевизија веднаш пред да заспијат, надевајќи се дека тоа ќе им помогне полесно да заспијат.

Сепак, многу експерти тврдат дека кога спиете со вклучен телевизор, всушност му давате на вашето тело помалку сон отколку што му е потребно, а тоа повлекува бројни недостатоци.

Спиењето со вклучен телевизор го намалува производството на мелатонин, хормон кој игра клучна улога во сонот. Тоа му сигнализира на вашето тело дека е време за одмор и опоравување од напорниот ден.

Телевизорот и другите уреди кои произведуваат сина светлина може да го намалат количеството на мелатонин што го произведува нашето тело. Потоа, на мозокот му е потешко да прави разлика помеѓу денот и ноќта, а кога тоа ќе се случи, многу потешко е да заспие.

Без разлика дали гледате или слушате звук на телевизија пред спиење, тој се обидува да го одржува вашиот мозок во постојано движење, не оставајќи простор да се исклучи. Покрај тоа што нема да му дадете можност да се одмори, дури и ако се случи да заспиете во одреден момент, тоа може да резултира со сонување чудни или вознемирувачки соништа, предупредуваат тие.

Добро познатото правило за спиење 7-8 часа на ден е еден од главните совети на кои предупредуваат експертите, а сето тоа со наглас дека без потребниот одмор го зголемуваме ризикот од голем број проблеми како што е ризикот од дијабетес, висок крвен притисок, ослабен имунитет, губење на меморијата, концентрацијата и др.

Comments are closed.