
Лековитите својства се добро познати и многу болести се лекувале со овој зеленчук уште пред појавата на лековите, а многумина и денес го користат како алтернатива на модерната медицина. Научниците велат дека црните ротквици се повеќе лековити од црвените.
Тие се одгледуваат повеќе од 3.000 години. Старите Грци ги принесувале како жртва на боговите, а Римјаните им плаќале на работниците во ротквици.
Полни се со витамини и минерали како бакар, манган, калиум, витамин Ц, К и Б6, а содржат и калциум, железо, фосфор, цинк и натриум.
Имаат антибактериски и антигабични својства.
Помагаат при респираторни проблеми, особено при кашлица и астма.
Тие го стимулираат лачењето на слуз од респираторните органи.
Тие се природен диуретик.
Во случај на жолтица го нормализираат производството на билирубин.
Тие го стимулираат формирањето на црвените крвни зрнца.
Тие се добри за слабеење бидејќи се нискокалорични и богати со влакна.
Го подобруваат варењето.
Го намалуваат ризикот од воспаление на уринарниот тракт.
Ги чисти бубрезите.
Го отстрануваат лошиот здив од устата.
Ги ублажуваат менструалните болки.
Семето од ротквица помага при витилиго.
Маска од згмечени ротквици го хидрира лицето и го отстранува осип на него.
Тие помагаат и при каснување од инсекти
Некои луѓе користат сок од ротквица како одличен третман за убоди од пчела, стршлен и оси, бидејќи ја намалува болката и отокот.
Исцедете го сокот и нанесете го на местото на убодот неколку пати. Во сокот можете да натопите и парче памучна вата и да го држите на отокот.