
Можеби ќе ве изненади, но всушност се препорачува луѓето да не пијат повеќе од 28 кафиња неделно, што е околу четири кафиња дневно. Сепак, консумирањето повеќе од тоа може да има негативни ефекти врз здравјето – особено на животниот век.
Еве неколку показатели дека можеби пиете премногу кафе.
Чувство на вознемиреност
Просечна чаша содржи 95 милиграми кофеин. Така, ако пиете повеќе од четири кафиња, би консумирале околу 500 милиграми кофеин дневно. Една студија во Журналот за психофармакологија известува дека консумирањето кофеин до тој степен може да предизвика високи нивоа на стрес, анксиозност, па дури и депресија. Конзумирањето на повеќе од 1.000 милиграми кофеин неделно се покажало во истражувањето како предиктор за висока анксиозност.
Тешкотии со спиење
Редовното консумирање кафе може да предизвика проблеми со вашите вообичаени навики за спиење, особено ако редовно пиете кафе попладне. Студијата спроведена на 197 средношколци покажала дека оние кои консумирале повеќе кофеин се разбудиле порано и биле поспани во текот на денот во споредба со групата која консумирала помалку кофеин. Иако редовното пиење кафе има многу здравствени придобивки, се препорачува дневната доза на кафе да се намали на минимум, особено наутро, за да имате подобар квалитет на ноќниот сон.
Забрзано чукање на срцето
Една контролирана студија покажа дека пиењето 100 милиграми кофеин на секој час до пет часа не предизвикува побрзо чукање на срцето. Сепак, откриено е дека пиењето големи количини сепак може да доведе до промена на срцевиот ритам.
Треперење
Дали некогаш сте доживеале тресење после премногу кафе? Тоа всушност може да се дефинира како предозирање со кофеин. Healthline наведува дека ова може да предизвика главоболки, нервоза, тешкотии со спиењето и зголемен пулс. Ако почувствувате некој од овие тешки несакани ефекти, треба да побарате лекарска помош.
Чувство на умор
Природно е да се свртите кон кафе или други форми на кофеин кога се чувствувате уморни. Но, дали знаевте дека премногу кофеин всушност може да има негативен ефект? Особено ако тоа вклучува додадени шеќери. Во студијата објавена од Innovations in Clinical Neuroscience, беше откриено дека редовното консумирање на пијалоци со кофеин, особено со шеќер, предизвикува ментален замор кај учесниците.