Речиси секој секојдневно се соочува со неочекувани ситуации и стрес, како на работа, така и во приватниот живот.
Стресот влијае и на физичкото и на менталното здравје, а вашето тело ви покажува дека се борите со премногу стрес, односно дека кортизолот, хормонот на стресот, е зголемен.
Како да препознаете дека сте под преголем стрес?
- Нарушен сон
Ако често се будите во текот на ноќта или спиете немирно, тоа значи дека сте под преголем стрес.
- Чувство на умор
Вишокот стрес се изразува и преку постојан замор, и покрај количината на сон или кафе што го пиете.
- Постојана глад
Постојаниот глад или зголемената желба за слатки исто така е показател за зголемен кортизол.