Струмичанецот Драган Стојков ново засилување за Македонија Ѓорче Петров

Македонија Ѓорче Петров за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига се засили со Драган Стојков, кој доаѓа од редовите на Тиквеш.

Струмичанецот кој настапува на позицијата дефанзивен играч за врска е претставен како второ засилување, по Андреј Јаго од Бразил.

34-годишниот Стојков има богата кариера, а со своето искуство ќе биде големо засилување за „лавовите“ во пролетниот дел. На домашната сцена има настапувано за Беласица, Работнички и Тиквеш, додека пак на меѓународната сцена има настапи за Инчеон во Јапонија, Егаео и Илисиакос во Грција, потоа за српските екипи Напредак и Јагодина, потоа имаше авантура и во САД каде настапуваше за ЛА Галакси, Инди Елевен и Сент Луис.

За репрезентацијата на Македонија до 17 години има три настапи, за репрезентацијата до 19 години има девет натпревари, за репрезентацијата до 21 година има 10 настапи со еден гол, а има и еден повик во А репрезентацијата на Македонија.

Стојков во дресот на Тиквеш во тековната сезона забележа 12 натпревари поминувајќи 567 минути на фудбалските терени.

Comments are closed.