
ЖФК Тиверија Струмица е клуб кој инвестира во развојот на своите фудбалерки, а потврда за тоа се и професионалните договори на Панчурова и Димоска кои ќе бидат првите домашни фудбалерки во Македонија со професионален статус.
ЖФК Тиверија Струмица е клуб кој се бори за правата на жените и девојките во спортот и смета дека фудбалерките треба да имаат статус на вработени доколку сакаме истите тие максимално да се посвет на фудбалот.
„Амбициите на клубот се се поголеми од година во година, а секако дека во центарот на вниманието се нашите фудбалерки кои се најзаслужни за стабилноста на ЖФК Тиверија Струмица. Голема благодарност до нашите поддржувачи Општина Струмица и Градоначалникот Коста Костадинов, брендот Mamas foods, ИГМ Еленица, Бензоил, Арена Фитнес, Сала Парк и секако Фудбалската Федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт кои се важна алка во растот и развојот на ЖФК Тиверија Струмица“, велат од струмичкиот прволигаш.