Беласица го врати Благој Стојанов

Беласица денес промовираше ново засилување за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига. Старо-ново име во редовите на „струмичката гордост“ е Благој Стојанов, кој во Струмица доаѓа од редовите на второлигашот Кожуф од Гевгелија.

23-годишниот играч кој настапува во средниот ред по две години одново ќе го носи дресот на Беласица. Стојанов по трет пат се враќа во редовите на Беласица, откако претходно беше дел од Беласица од 2016 до 2018, како и од 2019 до 2020 година.

Во својата кариера Стојанов покрај за Беласица и Кожуф има настапувано и за Тиквеш од Кавадарци, Детонит од Радовиш, струмичка Тиверија, Хоризонт Турново и Академија Пандев.

Беласица ги започна подготовките за пролетниот дел, а вчера беше одигран и првиот пријателски терен на Општинското фудбалско игралиште во Струмица против Кожуф, контролка која заврши без победник (1:1).

Следни контролки за Беласица ќе бидат против Септември Симитли, Беласица Петрич, Академија Пандев и „генералката“ со Брегалница во Штип.

Comments are closed.